Ловци на духови тврдат дека го фотографирале духот на сопственикот на паб кој се обесил себеси во својот бар, кој сега наводно е опседнат од духови.

Работници кои работеле во „Златното руно“, паб во Јорк стар со векови, велат дека почувствувале како нешто им го стега вратот додека работеле зад шанкот и виделе како од полиците паѓале чаши без никакво објаснување. Кога тим од истражувачи на паранормалното го посетиле местото, Сузан Тагарт, која е специјалист за натприродни појави, тврди дека за прв пат успеале да го фотографираат духот на мртвниот сопственик.

На снимката како да се гледа сенка на човек зад шанкот, иако нема никаков извор на светлина кој би ја создал таа сенка. Педесет и едногодишната Тагарт вели:

„Беше многу темно и јасно се гледаше притаената силуета на крупна личност, како што можете да забележите од главата и рамениците, но единствената личност на сликата е девојката зад шанкот, која се гледа од лево. Таа ни потврди дека освен неа, таму немало никој друг.“

d01

„Зад фигурата има врата кон кујната, но таа е целосно затскриена од сенката. Никој од нас не можеше да поверува. Доста луѓе беа потресени од фотографијата и сметаме дека е многу вознемирувачка.“

Таа додава: „И покрај тоа што е многу морничава, си помислив дека мора да има некое рационално објаснување. Но, еден мој пријател направи анализа на фотографијата и кажа дека никаква светлина не минува преку сенката, туку дека тоа е некаква густа црна форма. Тоа беше многу вознемирувачко. Ако некој успее да најде рационално објаснување за ова, тоа многу ќе ме инстересира. Ова со сигурност е најдобриот доказ за постоеето на духови кој сум го видела до сега.“

d02

За време на ноќното истражување, тимот почувствувал студени морници во некои делови од градбата, а во еден миг се слушнал и глас на дете. Вработените во „Златното Руно“ раскажуваат дека се случува да им се поткрене косата на главата, како некој да им ги повлекол косите со невидливи раце. Покрај ова, често се случувале мистериозни трескања на врати, чекори по скалите, чудни светла, ненадејни температурни промени, па дури и свеќи се палеле сами од себе.

d03

Сегашната сопственичка Стеф Јејтс додава: „Најстрашното нешто е тоа што таванот над шанкот е лажен таван и таму горе има скриена кука – на која човекот наводно се обесил. Духот на обесениот сопственик ни е доста познат на сите нас, иако никој не ја знае целата приказна и за кого точно се работи, како ни кога се случило тоа.“

d04

Дали се работи за дух, или привлекување на внимание, што мислите вие?

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено