Мора да признаеме, нема личност која во одреден момент не ѝ зоврело во глава од барањата на шефовите, директорите, менаџерите и посакале едноставно да замолчат „засекогаш“. За среќа ова е само помисла која не се реализира во пракса. Но, колку и да звучи страшно, сепак според науката е и повеќе од нормална.
Според еден од водечките психолози од Универзитетскиот колеџ во Лондон, повеќе од половина од вработените, во одреден момент замислувале убиство на лице што го познаваат. Сепак, добрата вест е тоа што ова ја прави помала веројатноста да се изврши делото.
Тоа е затоа што „вежбањето“ на деталите на смртоносниот чин во умот ги потсетува луѓето на тешките последици, и затоа ги „предомислува“ да го сторат тоа.
Спротивно на тоа, ако оние кои фантазираат за тоа повеќе се со помала веројатност да го сторат тоа, дали тоа значи дека треба да внимаваме на оние тивките? Според истражувањето на д-р Џулија Шо, од UCL, најчести фантазии за убиство се работодавачите и поранешните партнери.
„Повеќето од нас не се вклучуваат во убиство никогаш, за среќа. Фантазии на убиство се вежбање на емпатијата. Мислите дека работите завршуваат, замислувате какви последици ќе бидат, замислувате како би можеле да поминете низ тоа – и погодете која е вашата одлук? ‘Не сакам да го правам тоа, бидејќи тие не се последиците што би ги сакал/а’.“, вели д-р Џулија Шо.
Еволутивно кажано, некои психолози сугерираат дека фантазирање за убиството на некој е позитивен чекор напред во човечкиот напредок. Тоа сугерира дека луѓето научиле да се приспособат и да размислуваат за последиците повеќе, наместо да размислуваат за помирување со чинот што можеле да го сторат нашите предци.
Каи-Так Пон, професор по психологија на Универзитетот во Хонг Конг, спроведе студија во која учествуваа една група учесници кои фантазирале околу тоа како прават нешто насилно на некој што го мразат, а друга група фантазирала околу неутралното дејство. Резултатите покажале дека оние што имале агресивни мисли повеќе сакале да размислуваат за своите постапки, што би ја намалило нивната перцепција за сопствената благосостојба.
Како што сугерира истражувањето, премногу размислување за нанесување болка врз непријателот може да ве измори, дури и ако идејата навистина ви се допаѓа.