Со најновиот голем пробив во лекувањето на аутизмот, научниците веруваат дека откриле клетки коишто играат клучна улога во тоа како мозокот се развива во мозоците на бебињата. Со блокирањето на хемиската супстанца наречена IL-17a кај бремените лабораториски глувци, научниците успеале да ја повратат нормалната мозочна структура кај нивните младенчиња. Ова откритие не само што потврдува дека вирусните инфекции за време на бременоста можат да играат улога во развивањето на аутизмот, туку откритието прави чекор понапред во лекувањето, па дури и кон можното наоѓање на лек за нарушувањето.

au01

Аутистичниот спектар може да предизвика широк спектар симптоми, коишто најчесто се групирани во две главни категории. Тука спаѓа потешкотијата за разбирање и свесност за чувствата на другите луѓе и проблеми, како и започнувањето и водењето на спонтани разговори. Понатаму, аутистичните луѓе се одликуваат со повторувачки дејства, мисли и навики, како тапкање со рака, броење чекори итн. и можат да се вознемират ако овие нивни рутини се прекинати.

Новото истражување се сосредоточило на Т лимфоцитите, коишто се имунитетски клетки кои реагираат на инфекциите така што создаваат „клеточни армии“ кои ги напаѓаат микробите натрапници во организмот. Подвид на Т клетките, Th17 клетките, лачат интерлеукин 17 (IL-17) – сигнализирачки проетин кој ги поттикнува реакциите на организмот и штити од инфекции. Но, кога нивото на овој протеин е превисоко или ќе ја промашат целта, тој може да доведе до автоимунитетски болести како астма и воспалителни цревни заболувања. Ново објавениот научен труд открива дека активирањето на Th17 клетките и лачењето на (IL-17 навистина игра улога во создавањето на абнормалности во однесуваето кај ембрионите.

au02

Неколку претходни истражувања врз луѓе откриле врска помеѓу вирусната инфекција за време на бременоста и развивањето на аутистичен спектар. Но, до сега механизмите зад овој процес биле непознати. За да ја тестираат оваа теорија, тим на истражувачи од њујоршкиот универзитет Лангон во нивните лабораториски глувци вбризгале хемикалија која имитира вирусна инфекција. Ова предизвикало имунитетскиот систем на бремените глувци да почне да произведува IL-17. Глувците изложени на повисоко на ниво IL-17 во утробата по нивното раѓање покажувале симптоми слични на аутизам. На пример, имале потешкотии да разликуваат жив глушец од играчка, минувајќи подеднакво време и со глувците и со играчките, додека нормалните глувци повеќе време минувале општејќи со живите глувци. Покрај тоа, тие тежнееле да ги закопуваат камчињата кои ќе ги нашле во нивниот кафез на повторувачки, компулсивно-опсесивен начин, слично како што и аутистичните луѓе се оддаваат на повторувачки рутини.

au03

Но, блокирањето на дејството на Th17 клетките целосно ја повратило нормална структура и функција во мозоците на глувците. „Според нашите информации, ова е прва студија која идентификува определена популација на имунитетски клетки кои можеби играат директна улога во предизвикувањето на однесувања поврзани со аутизмот“, вели авторот на студијата, Ден Литман. „Со овие научни резултати, Th17 клетките, како и определени протеини коишто тие ги лачат, стануваат кандидати за терапевтски цели во идните напори да се спречи аутизмот.“

Еве дел од секојдневието на семејство со аутистично дете.

Сподели на Facebook
пати видено