Д-р Обри де Греј упорно тврди дека првата личност која ќе живее неколку стотина години е веќе родена. Биомедицинскиот теоретичар со образование од Кембриџ, д-р де Греј, кој целиот свој живот го посветил на изнаоѓање начини за продолжување на човечкиот животен век, со сигурност не е лаик кога станува збор за науката во врска со процесот на стареење. Цврсто уверен во идејата дека луѓето по извесно вреќе ќе можат да живеат вечно.

mc

„Знаете, луѓето го имаат тој луд концепт дека стареењето е природно и неизбежно, и јас мора постојано да објаснувам дека тоа не е така“, вели тој. „Човечкото тело е машина со подвижни делови и како и кола или авион, насобира оштетувања низ животот како последица од постојаната употреба.“

Неговиот истражувачки тим во моментот работи на нови видови регенеративни терапии кои веќе добиле значителна финансиска поддршка од значителни извори како што се компаниите Гугл и Пејпал.

„Со реконструкција на структурниот ред на живата машинерија на нашите ткива, овие технологии за подмладување ќе го обноват нормалното функционирање на телесните клетки и есенцијалните биомолекули, враќајќи ги остарените ткива во добро здравје и враќајќи му го младешкиот полет на телото“, тврдат од организацијата.

Сепак, не сите се убедени во неговите предвидувања. „Никој во иднина не би можел да биде генетски модифициран да живее подолго од 120 години“, вели д-р Тило Кунат од Центарот за регенеративна медицина при универзитетот во Единбург. „Не можете да го сторите тоа ни преку регулирана исхрана, ни со помош на медицински лекарства. Не во следните сто години.“

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено