„Баталете го тоа плус“ е онлајн движење кое цели кон тоа луѓето сѐ повеќе да почнат да ги прифаќаат најразличните облици и големини во кои доаѓаат луѓето од целиот свет. И да не успеат во тоа, секако повеќето луѓе би биле среќни ако модната индустрија престане да ги етикетира со „плус големина“ топ-моделите покрупни од закачалки.

pl1

Бујната Австралијка Стефанија Ферарио е фрустрирана што постојано ја нарекуваат „плус големина“ само бидејќи е со големина 8, и неодамна излезе со овој манифест на Инстаграм:

pl2

„Јас сум топ-модел и точка. За жал, во оваа индустрија ако си поголема од американскиот број 4, веднаш те вбројуваат во моделите со „плус големина“, и сметам дека ова не е во ред, особено поради тоа што на тој начин се наметнуваат погрешни претстави на помладите девојки.“

pl3

Ако ова се смета за „големина плус“, во смисол дебелка, тогаш можете да си замислите до кој степен се искривени претставите за здраво и убаво тело, особено во модната индустрија.

pl4

Сподели на Facebook
пати видено