Светот е полн со загатки и мистерии и понекогаш нивното разоткривање може да ги збуни и генијалците. Но, има и едноставни загатки за кои наводно доколку размислуваме логично ќе ни треба краток период за да одговориме на нив. Доколку не го знаете одговорот на одредено прашање ќе го пронајдете на втората страна.
1. Мајката на Ана има три деца, Мила и Наташа. Како се вика нејзиното трето дете?
2. Кој планински врв бил највисок во светот пред да биде освоен Еверест?
3. Двајца мажи се обидувале да преминат преку реката со кајче само за една личност. Сепак успеале успешно да ја преминат реката. Како е ова можно?
4. Колку повеќе ги користите, толку повеќе остануваат. Што е тоа?
5. Ме купуваат за храна, но не ме јадат. Што сум јас?
6. Бизнисмен купил јаболки за 100 денари и продал 3 од нив. Некое време подоцна станал милионер. Како е тоа можно?
7. Затвореник планирал да избега од затвор опколен со вода но не знаел да плива. Еден ден сепак успеал да избега без да користи било каков алат. Како успеал?
8. Маж седи навечер во темна соба, која не е осветлена, од ламба, светилка, светлина од месечината или било што слично. Но, тој чита книга. Како е тоа можно?
9. Додека одев кон градот запознав маж и 2 жени. Секоја од жените носеше кошница со по една мачка а секоја мачка имаше 4 мачиња. Колку нозе имаа тие кои одеа кон градот?
10. Што било прво, јајцето или кокошката?
11. Лора стои пред Кети, а Кети стои зад Лора. Како е тоа можно?
12. Дали можете да фрлите јајце на бетон и да не го скршите?
13. Кога јас имав 4 години брат ми имаше половина од моите години. Сега имам 18 години. Колку години има брат ми?
Одговорите се на втората страна
1 2