Ова е едно од најважните прашања кога станува збор за романтични врски. Голем број студии што се спроведени докажуваат дека навистина можеме да ја контролираме љубовта. Бидејќи, всушност ова е само основна психолошка емоција како страв, радост, сожалување и други емоции кои можат да се регулираат ако се следат добро. Значи, како да ги користиме психологијата и психолошките трикови за да направиме другите да се заљубат во нас?
Најважното нешто што треба да го разберете е дека другата личност мора да има барем минимални чувства кон вас. Потоа, ќе можете да ги претворите во вистински, длабоки чувства, лесно и брзо.
1. Не порачувајте сладолед на првиот состанок
Социјалниот психолог Џон Барг, кој работи на Универзитетот Јеил, ја проучува улогата на несвесното процесирање на социјалното однесување. Некои од неговите студии покажаа интересна поврзаност помеѓу телесната температура на една личност и нивната психолошка состојба.
Се испостави дека кога сме физички топли, поверојатно е да бидеме фини и пријателски расположени кон другите луѓе. Овој трик навистина може да ни помогне, на пример, за време на првиот состанок кога е особено важно да се стекне довербата на лицето.
2. Предности на продолжен контакт со очите
Психологот од Харвард, Зик Рубин, спроведе студија за да се обиде да разбере дали е можно да се измери љубовта. Тој го најде одговорот во очите, или поточно, во фреквенцијата и времетраењето кога луѓето гледаат едни во други. Тој открил дека двојките кои се вљубени се гледаат 75% од времето за време на разговорот и дека не престануваат да гледаат едни со други неволно. Во еден нормален разговор, луѓето гледаат едни во други од 30% до 60% од времето.
Сепак, гледањето во нечии очи не само што може да биде последица на тоа да се биде вљубен, туку може и да биде причина. Кога гледате некого долго време и често го правите тоа, го мамите умот на лицето, бидејќи се сеќава на тоа „како изгледа љубовта“. Значи, почнува да размислува на романтичен начин за вас. Нервниот систем започнува да продуцира фенетиламин кој предизвикува чувства што ги имаме кога ќе се заљубиме: „пеперутки во стомакот“, зголемен срцев ритам, топли дланки. Како може некој да се спротивстави?
3. Кажете им нешто непријатно за себе
Според една студија спроведена од страна на научниците од Харвард, 79% од испитаниците претпочитале да бидат отворени и искрени луѓе за време на првите состаноци. Ништо не криеле, дури и кога станува збор за чудни навики, вкусови, непријатни ситуации што им се случиле, па дури и негативни карактерни црти. Бидејќи тоа функционира исто како тајните: кога на некој ќе му кажеме тајна, постои посебна врска помеѓу нас и личноста врз основа на доверба и разбирање.
4. Не правете ништо, оставете да направат нешто за вас
Кога ќе направиме добра работа или ќе му помогнеме на некого, ќе се чувствуваме добро. Ние сме среќни и имаме многу топли емоции за личноста на која што сме ѝ помогнале. Кога го оправдуваме нашиот напор ја идеализираме личноста кон која сме толку великодушни и се убедуваме дека го заслужуваат овој третман. Како резултат на тоа, имаме емоционално сидро и повеќе го сакаме лицето.
5. Направете таен јазик
Се работи за внатрешни шеги, специјални зборови и уникатни гестови кои се случуваат меѓу луѓето кога ќе најдат заедничка основа и ќе станат навистина блиски. Можеби ви се допаѓа истиот филм, комедија, песна, книга, па дури и меме. Или можеби шегата се појавила спонтано за време на вашиот прв состанок, прошетка или средба. Не ги игнорирајте овие мали нешта.
6. Големината на зениците е важна
Во една студија од 60-тите и 70-тите, научниците ја истражувале врската помеѓу големината на зениците и атрактивноста на една личност. Тие покажаа им покажале на мажи 2 фотографии од истата жена. Сликите биле идентични, освен еден мал детаљ – на една од фотографиите, зениците на дамата биле поголеми. Како резултат на тоа, на мажите им се допаднала фотографија со поголеми зеници повеќе, иако никој не ја забележал разликата во очите.
Постои начин да се искористи овој ефект во ваша корист. Се разбира, не можете да ја смените големината на зениците намерно, но можете да ги направите совршените услови за тоа, на пример, да ја затемните просторијата. Користете свеќи наместо обични светла.
7. Бидете блиску до нив често … Но, тогаш, направете да им недостасувате
По неколку состаноци психолозите препорачуваат да направите пауза (дури и ако не сакате) да направите дефицит на вашето присуство во животот на другиот. Овој потег постигнува неколку работи:
- Нема да се заморите од врската
- Другата личност ќе сфати колку му значи овој однос
- Можете да ја преземете контролата на вашите емоции и да размислите јасно
8. Направете позитивна асоцијација
Колку подобро ќе се претставите, толку повеќе позитивни мисли ќе оставите во умот на луѓето дури и кога не сте наоколу. И навистина не е важно дали навистина сте толку позитивни (секој има свои недостатоци). Единственото нешто што е важно тука е како се перципирате и како сакате да бидете перцепирани.