Марк Дени бил обвинет како еден од 4-те момчиња кои го ограбиле Бургер Кинг во Бруклин во 1987 година, каде што една 18-годишна вработена била силувана. Дени кој тогаш имал само 17 години бил осуден од порота за силување, грабеж и принуда и добил казна затвор од 57 години.
Дени од првиот ден кога стапнал во затворот па во наредните 30 години тврдел дека е невин и дека полицијата го наместила. Дури во 2017 година, три децении по злосторството тој бил ослободен откако било докажано дека тој всушност не можел да биде таму кога се случил грабежот и силувањето.
Во 2018 година, Дени поднел тужба до градот во која што стоело дека страда од „физичка и емоционална болка“, „физичко заболување“ и губење на семејните односи поради неговото затворање. Исто така стоело дека доколку ги добие на суд ќе бара отштета од 50 милиони долари.
За да ги намали трошоците, по една година, градот се согласил да му исплати на Дени 9,75 милиони долари. Дени вели дека полицијата измислила докази, одбила да прати други траги и не собрала форензички докази од местото на нападот.
На жртвата ѝ биле врзани очите за време на нападот и не можела да го идентификува напаѓачот, подоцна полицијата ја убедила да го идентификува Дени како напаѓачот.
Дени вели: „Затворот беше лошо искуство за мене. За малку ќе се изгубев себе. Сега сум слободен човек.“ Дали сите тие пари ќе можат да му го вратат животот кој го изгубил?