Членовите на здружението Рамна Земја тврдат дека Земјата е рамна. Одењето по нејзината површина изгледа како чекорење по рамна површина, па така ги отфрлаат сите докази за спротивното, како на пример сателитните снимки на Земјата на кои се гледа дека таа е сфера, како фабрикации на „заговорот за наводна рамна Земја“, оркестрирана од НАСА и други владини агенции.

Според водството на здружението Рамна Земја, нивното членство се зголемува за 200 луѓе (повеќето Американци и Британци) годишно, при што тие ги промовираат нивните идеи и убедувања на разните нивни сајтови, како и на бројни интервјуа и објавни на Твитер и другите социјални мрежи, и според сето тоа, изгледаат како да се навистина сериозни.

Are Flat-Earthers Being Serious

Но, во 21. век, зарем е можно да се навистина сериозни? Ако тоа е така, како воопшто е можно тоа, од психолошка гледна точка.

Светот виден низ очите на човек кој верува дека Земјат е рамна

Првин, да видиме како изгледа светот виден низ очите на ваквите луѓе. Отфрлајќи очигледни и цврсти докази дека Земјата е тркалезна, тие спремно прифаќаат теории кои некој би ги отфрлил како просто бесмислени. Водечката нивна теорија е дека Земјата е диск, при што Акртикот е во неговата средина, а Антарктикот е 50 метри висок леден ѕид околу целиот диск. Според нив, вработените во НАСА го чуваат овој ѕид за да ги спречат луѓето да се искачат преку него и да паднат од дискот. Дневните и ноќните циклуси се објаснуваат со тоа дека сонцето и месечината се сфери со опсег од 51 километар, коишто се движат на растојание од 5000 километри. Како светилки, овие небесни сфери осветлуваат различни делови од планетата во циклус од 24 часа. Тие веруваат и дека има невидлива „анти-месечина“ која што ја затемнува месечината за време на затемнувањата на месечината.

Понатаму, тие тврдат дека земјината гравитација е илузија. Предметите не се придвижуваат надолу, туку земјиниот диск се движи нагоре со брзина од 9.8 метри во секунда, придвижуван од мистериозна сила наречена темна енергија. Помеѓу нив постои несогласување во врска со тоа дали Ајнштајновата теорија на релативитетот дозволува Земјата да се движе нагоре во бесконечност, без на крајот да ја надмине брзината на светлината.

Поборниците на оваа теорија веруваат дека фотографиите на земјината топка се фотошопирани, дека GPS уредите се програмирани да ги залажуваат авионските пилоти да мислат дека летаат во прави линии околу сфера, а всушност тие летаат во кругови над диск. Мотивот за овој „заговор“ не е точно определен, но тие веруваат дека причините за криењето на овој „факт“ од населението на Земјата веројатно се финансиски. „Во основа, многу е поефтино да се лажира вселенска програма, отколку да се финансира нејзино остварување, па така НАСА и другите вселенски агенции просто перат пари“, тврдат тие.

Вие што мислите, дали Земјата е тркалезна, или пак можеби навистина е рамна?

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено