Денес американската агенција за разузнавање ЦИА објави дека на јавноста ќе ѝ бидат достапни нејзини официјални документи во износ од 13 милиони страници. Ентузијастите кои веруваат во постоењето на вонземни цивилизации и дека човештвото веќе одамна стапило во контакт со нив веќе започнаа трескаво да пребаруваат по овие интернет архиви, надевајќи се дека ќе најдат податоци за инцидентот во Розвел, град во Њу Мексико во кој наводно во 1947 година се срушил веселнски брод, а властите го скриле тоа како и останките на суштества од друга планета.

cia

Во секој случај, некои од публикациите би можеле да фрлат ново светло врз собитијата во Корејската, Виетнамската и Студената војна, како и врз поновата историја на земјите во светот, вклучително и нашата.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено