Повеќето луѓе кога ќе си помислиме на пресудите кои ги изрекуваат судиите, секогаш си помислуваме дека има некој преседан во врска со целиот случај. Исто така, по правило не го поврзуваме зборот „креативност“ со овие казни. Но некои судии го прекршуваат ова правило на доста интересни начини. Проследете ја оваа листа на 8 злодела за кои биле изречеи 8 доста чудни казни.
1. На едно 13-годишно девојче од Јута, САД, ѝ биле изречени 30 дена притвор и 276 часа на општествен труд, бидејќи во еден Мекдоналдс ресторан ѝ ја исекла косата на тригодишнодевојче. Судијата сепак се смилувал и се согласил да ѝ ја намали казната на 116 работни часа ако мајката на девојчето се согласи да ѝ ја исече косата на палавката пред сите во судницата. Се чини како фер компромис.
2. Двајца тинејцери кои вандализирале статуа со бебето Исус биле казнети така што ќе платат за замена на статуата и да шетаат наоколу со магаре на кое бил закачен натпис „Се извинуваме поради магарешкиот прекршок“.
3. Бидеќи не можела да ја плати сторената штета, една старица од Германија се согласила да исплете џемпери за луѓето кои ги оштетила. Нејзиното злодело? Ги исекла гумите на повеќе автомобили во нејзината улица бидејќи ѝ здосадило да се паркираат веднаш пред нејзината куќа.
4. Еден човек украл хотдог од супермаркет и бил фатен на камера. Вообичаено првиот ситен престап не се казнува премногу строго, но овој човек имал досие и се соочил со казна од шест месеци до три години затвор за еден хот дог.
5. Во судниците не се дозволува употребата на мобилни телефони. Кога сепак ќе заѕвони некој, судијата воопшто не е среќен. Во 2005 година еден судија од Њујорк по име Роберт Рестаино ги уапсил луѓето од целата судница кога тој со мобилниот не сакал доброволно да истапи напред.
6. Скокањето од згради е луда идеја. Незаконското скокање од згради е уште полудо. Двајца луѓе биле уапсени за провала (незаконско влегување со намера да се изврши злосторство) кога скокнале од Кулата на слободата во Њујорк.
7. Во Сарасота, Флорида, САД, еден бездомник бил уапсен откако ја употребил приклучницата во јавен парк за да си го наполни мобилниот телефон. Полицаецот го обвинил за кражба на јавни услуги. За среќа, судијата бил поумен од полицаецот и ја поништил тужбата.
8. Да се помине Божиќ во затвор звучи доста лошо, зар не? Па, наместо на една жена да ѝ изрече 15 години казна за фалсификување на лична карта, судијата од Охајо, САД ја казнил со 3000 долари условна казна и наредил секоја година во петте наредни три дена да помине в затвор. Штосот? Тие три дена морале да бидат за време на Божиќните празници.