Шимпанзата често се служат со алакти за да најдат и јадат храна, при што алатките коишто ќе ги изберат и нивната намена се разликуваат во зависност од местото кадешто живеат. На пример, во Западна Африка шимпанзата фрлаат камења кон дрвја, што резултира со чудно насобирање на камења на различни места. Но, за разлика од употребата на стапови, камења или лисја за кршење ореви или да се привлече партнер за парење, ова фрлање на камења нема некој очигледен контекст. Сега, откако го снимиле ова однесување и на камера, научниците веруваат дека се чекор поблиску до решавањето на мистеријата и веруваат дека се работи за „свет ритуал“ кој се пренесува од поколение на поколение.

cp01

Со цел да се проучуваат шимпанзата и нивното чудно однесување, истражувачите при Универзитетот за еволутивна антропологија „Марк Планк“ во Лајпциг, Германија, ја лансираа Пан-африканската програма: Култивираниот мајмун. Откако ги откриле куповите камења до дрвја на четири истражувачки локалитети во Западна Африка, теренските тимови поставиле камери до нив, коишто автоматски започнуваат да снимаат штом пред нив ќе почне да се случува движење.

Се покажало дека во ова чудно однесување најчесто учествуваат возрасните мажјаци, но на некои места учествуваат и женки и младенчиња. Ова однесување е забележано само во Западна Африка и се чини дека не е поврзано со било каков контекст за набавување храна.

cp02

„Тоа што го видовме на снимката беше восхитувачко – голем шимпанзо мажјак приоѓа на нашето мистериозно дрво и паузира за миг“, објаснува Лора Кехе од универзитетот Хамболт во Берлин. „Потота тој набрзина разгледува наоколу, грабнува огромен камен и со сета сила го фрла кон стеблото. До сега ништо вакво не било видено и се наежив кога го видов тоа. Откривме дека тоа не е случаен поединечен настан, туку однесување кое се повторува, при што не е поврзано со собирање храна или здобивање со статус – можеби е ритуал. Ја пребаравме околината и откривме многу такви места со насобрани купчиња камења во шупливите стебла, слични на купчињата камења коишто археолозите ги откриваат во историјата на луѓето.“

cp03

Авторите сугерираат дека ова однесување би можело да фрли светлина врз потеклото на ритуалите во човечката еволуција. Шимпанзата често се земаат за пример за еволуцијата на раните хоминиди. Поставени се две теории за ова однесување. Според првата, ова може да е покажување на машкоста, при што силниот тресок во шупливото дрво остава впечаток за силината и моќта на мажјакот. Од друга страна, можеби ова однесување во себе содржи поголема симболика од тоа, и можеби е слично на нашето минато. Обележувањето на патеките и териториите со собирање купчиња камења на карактеристични места е важен дел од човечката историја. Така, откривањето каде се простираат териториите на шимпанзата во однос на овие камења би можело да го расветли случајот.

cp04

„Уште поинтригантно е тоа што можеби најдовме доказ дека шимпанзата создаваат еден вид светилиште кое обележува свети дрвја“, продолжува истражувачот. „Домородците во Западна Африка исто така имаат свети дрвја околу кои се собираат камења, што стравично многу потсетува на тоа што го откривме тука.“

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено