Теоријата на Стивен Хокинг за зрачењето на енергија од црните дупки можеби конечно ќе му донесе Нобелова награда. Пред четириесет години, светски познатиот физичар теоретски определил дека материјата и енергијата апсорбирани во црните дупки можеби не стојат вечно заробени бидејќи во вселената постојано се испуштаат мали количества на топлинско зрачење – феномен познат како Хокингово зрачење.

cd

Да се најдат заклучни докази дека ова се случува се покажа како особено тешка задача, но сега Џеф Стајнхауер, професор по физика при универзитетот Техниот во Хаифа, изнајде креативен начин како да го заобиколи проблемот создавајќи си своја минијатурна црна дупка во лабораториски услови со употреба на звук.

Во текот на своите експерименти тој применил крајно изладен хелиум за да симулира црна дупка а потоа употребил звучни бранови за да го симулира случувањето кога нешто е вовлечено во црната дупка. Резултатите покажале присуство на фонони – мали енергетски треперења кои ги сочинуваат звучните бранови – кои излегувале од „црната дупка“ на ист начин како што покажувале равенките на Хокинг. Иако неговите наоди сѐ уште подлежат на значителни проверки, ако е во право, тоа ќе значи дека Хокинг цело време бил во право за зрачењето на црните дупки.

„Експериментите се прекрасни“, вели физичарот Силка Вајнфуртнер. „Џеф стори прекрасна работа, но некои од неговите тврдења се отворени за дебата. Вреди да се дискутира за ова.“

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено