Ховерборди, летачки автомобили, бесплатна енергија, секој ден футуристичкиот начин на живот се чини се поблиску и поблиску и повеќе реалност отколку фикција. Тоа важи особено сега, кога истражувачите употребиле една честичка светлина (фотон) за симулираат патување низ времето на квантни честички. Тие во основа покажале дека фотонот може да мине низ временска дупка и да контактира со постарата верзија на себеси. Нивното откритие е објавено во Nature Communications.

pt

Затворените временски криви (Closed Timelike Curves – CTC) се изворот на сите загатки во врска со патувањето низ времето. Тие се употребуваат за симулирање на екстремно моќни гравитациони полиња, слично на тоа коешто се произведува при ротирањето на црна дупка. Теоретски, врз основа на теоријата за релативитетот на Ајнштајн, тие би можеле да ја искриват ткаенината на постоењето така што вселенското време би можело да се искриви и да дојде пак на својот почеток – практично создавајќи патека која би можела да биде употребена за патување низ времето.

Многу физичари сметаат дека затворените временски криви се неприменливи, бидејќи „секој макроскопски предмет кој би патувал низ времето на крајот неизбежно би создал парадокси во кои причината и последицата би се поништиле.“ Но, други не се согласуваат со ова тврдење.

Во 1991 година, физичарот Дејвид Дојч покажал дека овие парадокси би можеле да се избегнат во квантни размери поради чудното однесување на овие основни честички кои ја сочинуваат материјата. Во тој случај тие не ги следат правилата на класичната механика, туку се однесуваат на чуден и неочекуван начин кој нормално не би бил возможен.

За експериментот, физичарот Тим Ралф и неговиот докторант Мартин Рингбауер го симулирале моделот на СТС на Дојч, „тестирајќи и потврдувајќи многу аспекти на дводецениската теорија. Научно-популарното списание „Сајентифик Америкен“ известува дека иако експериментот е само математичка симулација, истражувачите и нивните колеги истакнуваат дека нивниот модел е математички еквивалентен на патувањето низ времето на еден фотон преку затворена временска крива.

Со повеќекратно мерење на состојбите на поларизирање на вториот фотон по неговата интеракција со првиот била потврдена постојаноста на дејството.

„Состојбата којашто ја добивме на излезот, вториот фотон на симулираниот излез на СТС, беше иста како таа на влезот, првиот фотон на влезот на СТС“, вели Ралф. „Се разбира, сѐ уште ништо не сме пратиле назад во времето, но симулацијата ни овозможува да ги проучуваме чудните еволуции коишто вообичаено не се дозволени во квантната механика.“

За нешто да се прати назад во времето, научниците би требало да најдат вистинска СТС, што допрва треба да се случи. При концептот за патување низ времето секогаш се зема предвид „парадоксот на дедото“. Во тоа хипотетично сценарио, ако некој би се вратил во минатото и би го убил својот дедо на кој и да е начин (несреќа, намерно) тогаш и неговото сопствено раѓање не би било возможно, така што би немало кој да се врати во минатото. А сега, замислете си честичка којашто се враќа во минатото за да притисне прекинувач на машината за генерирање честички којашто ја создала – тоа е можноста којашто физичарите ја прикажале преку нивната симулација.

Овој експеримент илустрира како тоа што се случува во сегашноста може да повлијае врз тоа што се случило во минатото. Исто така покажува како би можело да се враќа назад, како причините и последиците би можеле да се минуваат и како иднината може да го определува минатото.

Сподели на Facebook
пати видено