Д-р Улрих Клопфер починал на 3-ти септември во округот Вил, Илиноис, САД. 10 дена по неговата смрт членовите на неговото семејство решиле да ја расчистат неговата куќа, но не очекувале дека таму ќе ги пречека сцена како од хорор филм. Во неговиот дом тој чувал 2.224 медицински сочувани остатоци од фетуси.
Се проценува дека тој со децении извршил десетици илјади постапки за абортус во повеќе окрузи во Индијана, што го прави „веројатно“, најпрофитабилниот доктор за абортуси во историјата. Во моментов нема докази кои укажуваат на тоа дека биле извршени абортуси во неговиот дом.
Лекарот извршувал абортуси во „Женскиот павилјон“ во Саут Бенд, Индијана, сè додека неговата лиценца не била суспендирана во 2016 година за неисполнување на разумна грижа за пациентите и кршење на повеќекратни забелешки и барања за документација.
Суспензијата се случла по прегледот на Министерството за здравство во Индијана во 2014 година, што резултирало клиниката на Клопфер да биде наведена за 27 недостатоци. Кога клиниката не успеала да достави план за корекција на тие проблеми, државната агенција поднела барање за сослушување и рочиште за одземање на лиценцата за абортус на клиниката.
Потоа било заклучено дека клиниката не се придржува кон државниот закон според кој пациентите треба да ја дадат својата доброволна и информирана согласност 18 часа пред да се изврши абортусот. Наместо тоа Улрих им ги давал лековите за абортус на пациентките веднаш по првичните консултации.
По неговото сослушување во 2016 година, на Клопфер, кој во тоа време имал 71 година, му била изречена минимална шестмесечна суспензија по 12 часа сведочење. Сведочењето, наводно, укажувало дека Клопфер користел ист вид на постапки за абортус и седација што ги користел уште од 1970-тите и 1980-тите.
Тој извршил абортус на 10-годишно девојче кое било силувано од нејзиниот чичко и не го пријавил случајот во полиција и дозволил девојчето да се врати дома иако нејзините родители знаеле дека е силувана и не сакале да го гонат чичкото. Исто така тој не им давал анестезија на своите пациентки, само на оние кои плаќале повеќе пари или оние кои имале под 16 години.
Пронајдените фетуси се однесени на вештачење за да се заклучи зошто ги чувал и дали кријат некои мрачни тајни на Д-р Улрих Клопфер.