Маж од Украина аплицирал за Гинисовата книга на рекорди, за најголемото семејство во светот. 87-годишниот Павел Семенјук секогаш сонувал за големо семејство и бил воодушевен кога неговата сопруга родила 13 деца.
По многу бракови и раѓања „кланот“ Семенјук има вкупно 346 живи потомци, а најмладиот член има само 2 недели.
Семејството Семенјук живее во селото Доброслав, во јужниот украински регион Одеса. Освен што има 13 деца, Павел има 127 внуци, 203 правнуци, па дури и три пра-праправнуци. „Ова е едно големо среќно семејство“, вели пензионираниот градежен работник, велејќи дека единствената тешкотија е да ги запамети сите имиња на неговите потомци.
„Ги знам имињата на оние кои се постари. Но, често не можам да се сетам на имињата на младите.“, вели Павел. Секој пат кога некој основа семејство останатите му градат куќа во селото и не може да се каже дека им недостасуваат раце за таа работа.
Моментално 30 деца од семејството Семенјук одат во локалното училиште и секој роденден и свадба е голем настан за целото семејство. Една од ќерките на Павел, 66-годишната Вира Семенјук изјавила: „Ние готвиме во огромен садови за храна кога ги славиме нашите родендени и свадби. Жените секогаш си помагаат едни на други.“
Пред неколку дена семејството Семенјук беше признато како најголемо семејство во Украина. Нивните имиња се наоѓаат во локалниот Регистар на рекорди и тие треба да бидат доставени до Гинисовата книга на рекорди.
Шефот на Националниот регистар на евиденции Лана Ветрова вели: „Ова е уникатно семејство. До сега најголемото семејство во светот се состоеше од 192 членови и беше регистрирано во Индија од Гинисовата книга на рекорди. Семенјук имаат голема шанса да го срушат рекордот.“
Хероите на нашето време не се политичарите и богаташите, туку обичните луѓе со своите мали, но големи подвизи. На каналот Победници, хероите на нашето време се на прво место.