Огромно црно-бело говедо кое тежи повеќе од мал автомобил и е „високо“ како суперѕвезда на НБА ги освои насловните страници како најголемото говедо во Австралија.
Сопственикот од Западна Австралија, Џеф Пирсон, на животното високо 2 метри и тешко над 1.400 килограми вели дека поради неговата големина не можат да го продадат за извоз.
Благодарение на својата големина на говедото по име Кникерс му бил даден втор живот на фармата. „Тој беше премногу голем за да влезе извозниот ланец на фабриката. Имаме голем промет на говеда, но тој имаше среќа да остане.“, вели Џеф.
Иако не бил продаден тој си добил нова улога на фармата. Бидејќи сите останати говеда го пратат Кникерс, а тој прилично се истакнува, на Џеф и останатите вработени им е полесно да ги пронајдат животните.
Според Гинисовата книга на светски рекорди, светскиот рекорд за најголемо говедо изнесува 2267 килограми, додека за највисоко говедо изнесува малку над 2 метри.