Киан Талти бил уапсен поради обид за кражба на автомобил, откако упаднал во дом во Едмонтон, Австралија. 19-годишното момче било веднаш фатено од полицијата благодарение на „трагите“ кои ги оставил зад себе.
Тој си ја заборавил чантата во која имал извод од матичната книга на родените, телефон со еден куп селфиња, како и даночни документи и судски обвиненија, за целосно да им ја олесни документацијата на полицајците.
Несмасниот крадец морал да признае дека тој го извршил делото по толку докази и неговата казна ќе му биде изречена на 21 мај.
19-годишното момче има криминално досие од седум страници, вклучувајќи пет страници само од 2017 година, главно за грабежи и кражби на автомобили.