За повеќето луѓе да се спакува животот во куфер и да се тргне во авантура е само сон. Но за Нејтан Бушан, 26 и Хана Мартин, 25, ова е реалност. Парот бил незадоволен со кариерите и монотониот начин на живот и одлучиле да станат патувачки блогери и сега заработуваат шест-цифрени суми евра годишно.
Нејтан, познат како World Nate објаснува како започнало сѐ, на кој начин заработуваат и кои се позитивните и негативните страни на водењето на ваков номадски живот.
Нејтан, поранешен водоводџија, сфатил дека сака да проба нешто ново пред три години додека поправал цевковод на градилиште. “Беше зима и одеднаш започна на паѓа град, топчињата мраз ме удираа по главата и јас паднав на земјата. Додека лежев во калта сфатив дека мора да си создадам живот под мои услови и да бидам сам свој газда. Знаев дека може да се заработи онлајн со патување, затоа се фокусирав на тоа.”
Тој ги трошел неговите пари на курсеви, програми и правење на блог и штедел колку што можел како водоводџија за старт на неговиот сајт и патувањето во Виетнам. Додека бил таму Нејтан ја стартувал и неговата Фејсбук страна. Кога се вратил дома конечно решил да стане светски патник, а на сметката имал само 2000 долари.
“Мислев дека ако живеам на некое евтино место додека да ми тргне, ќе успеам. Затоа живеев во хостел полн со лебарки во Панама, правев повеќе активности таму и се исплатеше. Моето семејство и пријатели се прашуваа зошто го правев тоа, понекогаш и јас се прашував, но морав да пробам нешто ново”, вели Нејтан.
Додека Нејтан патувал низ светот, неговата девојка Хана, која што ја запознал на забава пред неколку години, имала уште една година за да стане дипломиран сметководител. Иако сметководството било нејзина желба од детството, сфатила дека нема повеќе страст за тоа и едвај чекала да му се приклучи на својот сакан.
“Веднаш откако ја земав дипломата во моите раце, спакував се што можев во ранец и заминав. Ги посетивме Еквадор, Бали, Колумбија, Тајланд, Канада и многу други “, вели Хана, позната под псевдонимот Intrepid Introvert.
Нејтан и Хана заработуваат пари на повеќе начини. “Јас земам провизија од продажбата на компаниите кои што ги рекламирам на Фејсбук. Понекогаш можам да заработам и илјадници долари од еден пост. Секоја година приходот ми е од шест цифри”, објаснува Нејтан.
Нејт го прави оваа со голем број на компании од различен вид. За тоа зборува и еден од неговите понови постови каде тој напишал дека иако е бездомник секогаш има кров над главата благодарение на апликацијата AirBnB. Исто така и Хана пишува разновидни текстови.
Нејтан и Хана кои досега биле во 26 држави велат дека не секој би го издржал оваа темпо на живот. “Никогаш не престануваме да патуваме, но никогаш не престануваме и да работиме. Јас сум страствен за својата работа и сакам да им препорачам на сите што сакаат да се занимаваат со патување и блогерство, дека е потребно време за да се разработи”, вели Нејт.
И двајцата се согласуваат дека патувањата се ролеркостер, но тие уживаат во возењето.