Научник направи серија предвидувања за тоа како ќе изгледа животот во следните 30 години. Пред три десетлетија би било доста тешко да се предвидат некои од технологиите кои денес ги сметаме за секојдневни како мобилните телефони, 3D печатачите и интернетот. Тогаш какви се напредоци би можеле да се очекуваат во следните 30 години.

kc

Според футурологот Иан Пирсон, некои од нештата на кои би можеле да се израдуваме е повторно никнување на паднатите заби со помош на нанотехнологија и вештачки мускули кои би можеле да се носат како облека, со кои би си ја зголемиле силата. Но, можеби едно од неговите најбизарни предвидувања е дека сите ќе можеме да зборуваме со кучиња на кои ќе им бидат всадени зголемувачи на интелигенцијата што ќе им овозможи да зборуваат.

Д-р Пирсон исто така верува дека до 205о година ќе биде возможно луѓето да станат „електронски бесмртни“, при што оштетените телесни делови ќе можат да се заменат со електронски алтернативи.

„Можеме да очекуваме нашиот еволутивен процес да се промени во одговор на технологијата“, вели тој. „Возбудливото е тоа што природата повеќе не е таа која ни наметнува промени, туку нашиот сопствен напредок ни овозможува промени какви што сакаме“.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено