Нова теорија сугерира дека новооткриената планета би можела да биде одговорна за периодичните настани на масовно исчезнување. Беше известено дека научниците Мајк Браун и Константин Батигин од Калифорнискиот технолошки институт откриле нови докази кои посочуваат на постоењето на претходно неоткриена планета во нашиот сончев систем со големина на Нептун – енигматската планета Девет. Сега во нова статија од пензионираниот професор по астрофизика Даниел Витмир, постоењето на оваа планета се поврзува со нешто многу позлокобно – со познатите периодични масовни изумирања.

p9

Според Витмир, овие изумирања, кои се случуваат на секои 27 милиони години, можеби се предизвикани од комети кои летат кон нас при минувањето на екцентричната орбита на Деветтата планета низ Кајперовиот појас.

Како и астероидот кој го донел масовното истребување на диносаурите, овие телесни тела би можеле да се сметаат за глобални нарушувања со потенцијал да збришат мноштво животински видови.

Иако во моментот е практино невозможно да се докажи дека тоа навистина е така, доколку научниците дефинитивно го потврдат постоењето на мистериозната планета, оваа теорија би добила повеќе на тежина.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено