Без разлика дали ја користиме вештачката интелигенција (ВИ) за редење на Лего коцки или пак за создавање на алгоритам кој ќе ги штити нашите градови, учењето за нервните мрежи станува импресивно и покомплексно секој ден. Сега научниците ги туркаат можностите на алгоритмите на сосема ново ниво. Тие ќе ги користат за читање на мислите.

Со обратни-инженеринг сигнали испратени од страна на мозокот, истражувачите од Универзитетот Карнеги Мелон ќе работат на ВИ која може да чита комплексни мисли така што ќе гледа фотографии од скенирање на мозокот. Со користење на податоци собрани од функционална магнетна резонанца, научниците ќе ја „хранат“ алгоритмичката машина со тие податоци, кои што таа подоцна ќе ги лоцира „тулите“ кои мозокот ги користи за да создаде комплексни мисли.

Импресивното истражување покажа дека тимот беше во можност да демонстрира каде и како мозокот се активира додека обработува 240 комплексни настани, кои покриваат се, од лица до различни места, па дури и неколку физички активности или аспекти на социјална интеракција. Со разбирање на овие дразби алгоритамот може да ги користи снимките од мозокот за да ги предвиди мислите во периодот кога била направена магнетната резонанца, поврзувајќи ги овие мисли во кохерентна реченица.

Алгоритмот ги чита мислите со неверојатни 87 проценти точност. Исто така може да функционира и во обратна насока, односно да му се даде реченица и тој да покаже слика од мозокот, како тој реагирал во тој момент на таа дразба. Ова истражување покажува колку далеку стигна вештачката интелигенција, но и го зголеми стравот кај луѓето за робот-апокалипса.

Сподели на Facebook
пати видено