Дали сето тоа што го гледаме и чувстуваме околу нас е вистина или само постоиме во некој вид на компјутерска симулација? Можеби наликува како на сценариото на филмот „Матрикс“, но идејата дека живееме во симулиран универзум е нешто што неколку научници, вклучувајќи ги и тие кои присуствувале на 17-тата дебата во Американскиот природонаучен музеј во чест на Исак Асимов, ја сфаќаат многу сериозно.
На настанот, на кој домаќин бил Нил Деграс Тајсон, учествувала група од пет големи мислители кои дискутирале за можноста дека своите животи ги минуваме во универзум кој всушност не е вистински. Според една теорија на Ник Бостром, ако човештвото е способно да создаде симулација која не се разликува од вистинскиот свет, тогаш е многу веројтно дека ние токму сега живееме во еден таков симулиран универзум.
Исто така, постои можноста и таков симулиран универзум да биде создаден од луѓе кои веќе живеат во симулиран универзум – сценарио кое би можело да доведе до бесконечна серија на симулирани универзуми кои суштествуваат еден во друг. Ако таква симулација навистина постои, се наметнува прашањето – како би можело да се дознае дали тоа е така?
„Сигурно нема да се стигне до заклучен експериментален доказ дека не сме во симулација“, вели философот Дејвид Чалмерс. „Секој доказ кој би го добиле би можел и самиот да биде симулиран.“
На крај, панелните учесници разговарале за тоа колкава е веројатноста да живееме во таков универзум, при што некои сметале дека веројатноста изнесува дури до 42 отсто, додека други сметале дека воопшто не постои таква можност.
Доколку англискиот не ви претставува проблем, целата двочасовна дебата можете да ја проследите во следното видео.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.