Русија е дом на многу работи. Некои од нив се прекрасни, некои прилично чудни или пак смешни, но тоа веќе сите го знаеме. Токму поради фактот дека Русите можат многу да забегаат луѓето го користат изразот „Само во Русија“. Па, идејата за маркетинг на оваа руска бензинска пумпа е дефинитивно една од таквите работи и е смешна!
Некои велат дека не постои такво нешто како лош публицитет и маркетинг тимот на оваа бензинска пумпа во Русија сигурно би се согласил со нив. Тие решија да дадат бесплатно гориво за секој облечен во бикини! И секако нели тие очекувале еден куп атрактивни Русинки да дојдат на бензинската и да се тепаат за гориво и дека тоа ќе привлече многу „муштерии“.
Сепак малку ја утнале работата. Русите се паметни и не ги испраќаат своите девојки и жени полу-голи за гориво, туку едноставно тие ги облекле нивните бикини и дошле да си ги наполнат автомобилите со „слатко“ бесплатно гориво. Бензинската малку утнала кога не навеле дека правилото за бикини важи само за жени, или пак не сакале да дискриминираат. Како и да е овие „мажишта“ сега ќе си ги прошетаат девојките со бесплатното гориво. Момци, дали би го направиле истото?