Уште една застрашувачки висока патека за шетање со стаклено дно е отворена во планините во јужна Кина, предизвикувајќи ги храбрите туристи да ја тестираат својата храброст и издржливост.
Патеката наречена „Карпа на свитканиот змеј“ беше отворена на 1 август во планината Тианмен, во националниот пар Тианменшан и веќе привлекува туристи на нова вртоглава авантура. Сто метри долгата патека е широка само 1,5 метри и на туристите им овозможува добар поглед во бездната под нивните нозе.
Оваа е третата патека од овој вид во планината Тианмен, којашто неодамна од обична дрвена патека била изменета во стаклена туристичка атракција.