Совршен бегство е една од оние работи за кои сите ние сонуваме, било да е егзотично одморалиште или кампување за викенд покрај река или езеро.
А доколку шумата е вашиот прв избор тогаш Расмус Лајбек го има совршеното место за вас. Тој имал сон да ги приближи луѓето до природата и така го создал „Løvtag“, што на дански значи крошна на дрво.
Оваа заспана дестинација е опкружена со нескротливата природа на Данска во близина на Маријагер Фјорд на полуостровот Алс Оде.
Досега е изградена само една од 9-те куќички на дрво кои треба да бидат изградени. Архитект на овие минималистички дрвени колиби е Сигурд Ларсен. Ова не е првата минималистичка структура на која Ларсен работел. Фасциниран од стилот на потписот на Ларсен и искуството со мал простор Расмус го одбрал токму него за реализација на неговата замисла.
Еден од најдобрите и еколошки аспекти на овој проект е тоа што нема да има оштетување или отстранување на дрвјата за изградба. Наместо тоа, колибите се дизајнирани на таков начин што едно дрво може да расте токму преку нив. Првата колиба е изградена околу бор, додека втората и третата се планираат да бидат изградени околу даб и буково дрво.
Структурата е изградена на 6-8 метри височина на дрвото и се пристапува со дрвен мост. Куќата е поддржана од метални греди и има големи прозорци на југ и запад за да овозможи многу природна светлина. Колибата од 31m² вклучува две простории за спиење, кујна, дневна и трпезарија, пристап до терасата на покривот и бања која се наоѓа надвор. За среќа за оние кои не се навикнати на „природните услови“ колибата има вода и електрична енергија.
Куќичката на дрво е достапна за резервација и сега и има доволно простор за четири лица. Цената за една ноќ почнува од 2.750 Дански Круни, односно 22.600 денари за две лица и вклучува лесен појадок.