Арапите очигледно „полудуваат“ кога некој ќе им спомене уникатни регистарски таблички и бидејќи немаат каде да ги трошат вртоглавите суми на пари кои ги имаат, тие си купуваат регистарски таблички за милиони.
Секако да не заборавиме дека ова е со цел да си ги „украсат“ луксузните автомобили, кои најчесто се позлатени и да бидат „најголеми фраери во градот“. Така размислувал и еден млад бизнисмен.
23-годишниот Ахмед Ал Марзуоки ја дал најголемата понуда на аукција од 20 бизнисмени за регистарска табличка со бројот „2“. Тој за неа платил 2,7 милиони долари. Настанот, кој се одржува во соработка со полицијата во Абу Даби и Аукцијата на Емиратите заработи невројатни 15 милиони долари од 60 регистарски таблички, кои завршиле под „чеканот“.
Регистарски таблички со број „11“ и „10“ биле продадени за 1,5 милиони долари. Абу Даби е најбогат во Обединетите Арапски Емирати. 420.000 граѓани на градот вредат околу 17 милиони долари по глава на жител.