Жена од Атланта, САД покренала вистинска лавина негодувања на социјалните медиуми откако јавно обзнанила дека ја напуштила својата работа за да го дои нејзиниот 36-годишен љубовник бодибилдер. Таа изјавила дека сака да воспостави „врска со доење на возрасен“ со нејзиниот партнер Брад Лисон, откако некаде прочитала за тоа дека доењето може да воспостави силна врска меѓу луѓето. Џенифер признала дека го користела американскиот сајт за мали огласи Креглист, како и сајтови за запознанства за да се обиде да најде партнер отворен за таа работа, но на крајот собрала храброст и тоа му го спомнала на нејзината љубов од детството, Бред.
„Како да се вклучи светилка во неговата глава. По гласот му се познаваше дека е љубопитен и возбуден“, вели таа, за потоа да се отвори за првиот пат кога пробале. „Од тој миг знаев дека го имам партнерот на мојот живот…и двајцата го сакавме истото од врската – магична врска која само доењето може да ја воспостави.“
Џенифер, чијашто ќерка сега има полни дваесет години, мора на секои два часа да го дои Бред „на суво“ за да предизвика лактација и да го измами нејзиното тело да мисли дека има бебе.
„Направив пауза со мојата работа бидејќи сакам сѐ да посветам за ова да успее“, вели таа, додавајќи дека често употребува пумпа или рака во текот на ноќта. Покрај тоа, таа зема растителни пилули и додатоци со семе од лен во нејзината исхрана за кои се мисли дека помагаат со снабдувањето со млеко. Бред наводно е возбуден од здравствените придобивки, бидејќи си е по вежбањето.
Покрај тоа, Џенифер вели дека доењето му помага на Бред да го спушти гардот зад затворени врати, не морајќи да се грижи за тоа да биде „алфа мажјак“. Но, таа не би го правела тоа јавно бидејќи сепак било „многу приватен аспект“ од нивните животи. Но и покрај тоа, нејзината одлука јавно да ја сподели нивната приказна на социјалните медиуми предизвикала лавина гневни реакции, при што многумина ја обвинуваат дека нејзината приказна е лажна, а други велат дека го сексуализира чинот на доење.
„Идиотите како овие двајца им отежнуваат на доилките да можат да дојат во јавност без да чувствуваат срам или да бидат исмевани. Тие само ја зголемуваат сексуализацијата на доењето. За возрасните нема НИКАКВИ здравствени придобивки од внесувањето мајчино млеко! Мајчиното млеко е само за бебиња!“ пишува една жена на Фејсбук.
„Секој си знае за себе, но ова е одвратно! Луѓето ме гледаат чудно и кога ќе кажам дека го дојам своето двогодиначе! И потоа вакви луѓе целосно ќе го извалкаат доењето како поим!!! Тоа не е сексуална работа. Служи за хранење на бебе!!!“ се согласува друга.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!