Ова е трогателниот миг кога еден човек избликнува во солзи гледајќи ја својата невеста како чекори кон олтарот. Младоженецот Габриел Деку од Лондон бил преплавен со чувства гледајќи ја својата идна сопруга Анабела како чекори кон него за време на раскошната церемонија во црквата Св. Мартин во Лондон.
Камерата го снимила моментот како неговата прекрасна невеста го врви својот пат кон олтарот, но само што ја погледнал и веднаш почнале да му капат солзи. Кога ја виделе реакцијата на 25-годишниот младоженец, сите гости почнале да го бодрат, а неговиот кум го советува да се прибере.
Снимателот на свадбата Џон Де Риенцо изјавил:
„Ова најверојатно е една од најемотивните свадбени церемонии кои сме ги снимиле. Свадбата на Габриел и Анабела беше спектакуларна од почеток па до крај и нам ни е многу мило што бевме дел од тој специјален ден.“