Подарувањето добрина е благослов и за оној што дава, но и за оној што ја прима. Луѓето што ја усовршуваат уметноста на љубезност и на хуманост, го прават тоа со целотосвое срце и без себични мотиви, а празничните денови се одлична можност да израдуваат некого и со хуманиот активизам да им помогнат нанајранливите.
Скопје сити мол со организација на донаторската акција Јас Дедо Мраз е јадро на размената на радост, љубов и хуманост, а во оваа хуманитарна акција може да учествува секој што ќе кликне лајк на објавата за донации на фејсбук-страницата на Сити мол. Тој мал, но значаен придонес патува до некоја од продавниците во трговскиот центар, а тие во име на потрошувачите ќе дадат подарок-донација од својот асортиман на производи. Кликнете на Tudors, АД Европа или на Sport Visionи дарувајте лајк кој нема да ви чини ниту денар, а ќе придонесе за нечија слатка насмевка!
За секои 250 лајкови секој од брендовите поединечно донираат во име на потрошувачите по еден подарок за дечињата во Домот за деца без родители „11 Октомври“ во Скопје. За поголема транспарентност на иницијативата, пред продавниците на брендовите што учествуваат во акцијата се поставени аналогни фејсбук-бројачи штого евидентираат секој лајк на посетителите на фан-страницата на Сити мол, како и на секој од посетителите во молот. Колку повеќе лајкови, толку повеќе подароци за децата без родители и оваа Нова година!
„Верувам дека великодушноста е личен избор. Не е важно да се дарува нешто што ќе направи големи материјални промени, туку нешто во што ќе вложиме дел од себе и од нашите можности да усреќиме некого. Помагајќи им на другите, градиме нераскинливи човечки врски што се темелат на хуманост и на благодарност, а тоа е една од вредностите што Скопје Сити мол сака да ги сподели со своите потрошувачите. Но, донациите не се врамени и лимитирани од активностите и подарувањето лајкови. Секој лично може да даде донација-подарок што ќе го приложи на инфопултот во нашиот мол и секојможе да биде Дедо Мраз“ – изјави Дарко Панчевски, претставник од Скопје Сити мол.
Хуманоста е клучот на личната среќа и мотивација за подобар живот.
Покажете ја својата хумана страна и подарете среќа во празничните денови на многу дечиња што имаат потреба од неа. Акцијата трае до 31.12, а во неа учествуваат Европа, Tudors, Sport Vision, Fashion Group, Krsh Toys, Bebe House, Anhoch, Nina boxи Extreme Intimo.
Приклучете се во акцијата #ЈасДедоМраз и овие празници донесете насмевки на лицата на многу дечиња.