Родителската љубов кон децата е комплексна. Таа опфаќа цел спектар чувства кои го оформуваат целото поведение на родителот. Пред сѐ, љубовта ја исклучува целосната рамнодушност на родителите во емоционално-воспитативниот приод кон децата. Воопшто не е достаточно обилно да ги нахраниш децата и да ги оставиш останатите проблеми да се решат сами од себе. Децата секогаш чувствуваат потреба за вашите совети, но ќе ги послушаат само ако им се даден на соодветен начин. За тоа е потребен приод кој или го имате вродено, или ќе треба да се помачите да го развиете во вас. Тоа би ви овозможило да ги разбирате вашите деца во секој период од нивното растење.
Поддржувајте ги – тие имаат потреба од тоа и ќе го ценат истото. Никогаш не ги потценувајте, слушајте го нивното мислење не само колку да мине редот, про форма, туку слегувајќи на нивото на нивната возраст – присетете се какви сте биле вие на нивни години! Не наложувајте го вашето мислење од пиедестал на возрасен.
Никогаш немојте да си дозволите да ги навредувате – и уште полошо – не изневерувајте ги! Тоа длабоко ќе ги повреди и ако ви стане навика, може кај нив да предизвика одбивност кон востановените исконски морални вредности и норми, па дури да се стаса до агресивно поведение без некоја причина. Ова последното може да се случи и доколку со вашиот партнер се карате пред децата. Никогаш не правете го тоа пред нив. Тие тоа нема да ви го простат лесно.
Ако не сте во состојба или немате намера да ги одржите ветувањата кои сте им ги дале – не ветувајте! Не лажете ги вашите деца – тие лесно ќе го препознаат тоа и самите ќе започнат да лажат. Подобро премолчете ги непријатните вистини или кажете им ги на соодветен начин.
Не потценувајте ги, но и не натценувајте ги вашите деца – развивајте ги внимателно нивните способности, без да ги форсирате. Заборавте на целосно погрешниот метод на споредување со нивните врсници. Секогаш имајте ја на ум одговорноста која сте ја презеле како родител, а тоа е да изградите самостојни, чесни личности со достоинство и висок морал.