Сликата го покажува Исус во ренесансна облека, кој се крсти со десната рака, а во левата држи кристална топка. Долго време сликата била изгубена и огромен број копии кружеле низ светот, тврдејќи дека се оригиналите, но во 2005 била пронајдена, реконструирана и сега доби нов сопственик. Интересен е фактот што во 1958 година сликата била продадена на аукција за само 58 фунти, а денес вреди 450.000 долари. Добра зделка направил тој што ја купил тогаш.