Познатите ѕвезди многу сакаат да ја изразуваат својата уметност преку различни култури, но оваа недела Аријана Гранде сфати дека кога се прави тоа барем треба да се направи правилно.

Пејачката објави фотографија од сосема нова тетоважа на јапонски, инспирирана од нејзиниот нов хит „7 прстени“, единствениот проблем беше наместо да ги искористи сите симболи во видеото таа решила да ја „уреди“ и да ѝ даде сосема ново значење и тоа не само еднаш.

Фотографијата од тетоважата, Аријана ја објавила на Инстаграм, а кога обожавателите почнале да ѝ се потсмеваат, таа ја избришала објавата. Но, некои успеале да ја зачуваат фотографијата и го прошириле ваквиот трач и на Твитер. Всушност новата тетоважа на Аријана во превод значела „мала скара“. Аријана иако дала оправдување за својата грешка, решила да ја „исправи“ со уште поголема грешка.

„Јас сум голем обожавател на малите скари. Исто така, го изоставив знакот кој требаше да стои измеѓу бидејќи многу ме болеше, но сепак изгледа убаво. Не би издржала уште еден симбол.“, изјавила 25-годишната пејачка. Таа решила да се консултира си лектор на јапонски, кој ја посоветувал над двата симболи да додаде уште еден и така тетоважата ќе го има значењето „7 прстени“.

Сепак Ариијана одлучила додатната буква да ја стави под првата буква и сега нејзината тетоважа значи „ЈАПОНСКА СКАРА ПРСТ“ (七輪指♡). Додека луѓето продолжуваат да ја исмејуваат пејачката, некои велат дека е маркетинг трик со кој се обидува да го привлече вниманието.

Сподели на Facebook
пати видено