Збогувањето со саканото суштество ја растревожува и најсилната личност. Кога животот на Чаби, кучето на Марија Шарп со кое таа живеела 16 години, дошол при крај, таа нејзиното збогување со Чаби да го направи помалку тажно, така што со серија фотографии ќе ги овековечи нивните последни заеднички моменти.
„Ја зедовме Чаби од шинтерската служба кога имав седум години. Само сакав да го споделам уживањето во животот со некого.“ – напишала Марија во нејзиниот блог.
„Ова е првиот ден кога ја зедовме. Бев многу возбудена дека ќе имам нешто свое за кое ќе можам да се грижам и да го сакам.“