Повеќето од нас сакаат да бидат што е можно подобри, помили и посочувствителни личности. Многумина не се ниту свесни дека некои видови на однесување и лоши навики прават во очите на другите луѓе да изгледаат непривлечни и одбивни. Наведуваме некои од тие особини, па ако забележите некои од нив кај вас, можеби е време тоа да го измените, и ќе забележите дека кругот на пријатели набргу ќе ви се зголеми.

np

1. Мислите само на себе

Многумина го прават ова, а не се ни свесни за тоа. Фокусирани сте само на себе, зборувате само за себе и всушност и не ви е грижа што имаат да кажат луѓето околу вас. Време е ова да го промените, бидејќи никој не сака да биде пријател со некој кој е опседнат само со себе. Следниот пат кога ќе појдете на кафе со пријателите, прашајте ги како им минал работниот ден и навистина ислушајте ги. Дајте им совет и утешете ги.

2. Фокусирани сте само на надворешноста и го игнорирате тоа што е внатре

Не е некое изненадување, но вреди да се повтори. Вистинската убавина доаѓа одвнатре, од вашето срце и душа. Вашиот телесен изглед не е најважен на светот, но луѓето со одбивно однесување го мислат токму спротивното и судат за другите врз основа на тоа како изгледаат. Добро погледнете се во огледало и можеби ќе го видите тоа што не е на површината. Бидејќи, сета убавина на овој свет не вреди ништо, ако не сте личност со која самите вие радо би пошле на кафе.

3. Секогаш се натпреварувате

Дали сте една од оние личности кои секогаш мораат да бидат подобри од другите? Ако сте, тогаш најчесто сте непривлечни. Би требало да се грижите за вашите пријатели и да им дозволите и тие да го имаат својот важен миг. Ако на пример успеале да го совладаат стравот од летање со авион, немојте веднаш да се истрчате: „Ма што е тоа 45 минути лет, јас сум се возел/а 11 часа“. Наместо тоа, кажете: „Браво, тоа е одлично! Се гордеам со тебе!“ Ја гледате ли разликата?

4. Своите пријатели ги гледате како непријатели

Луѓето коишто другите ги доживуваат како одбивни често се скарани со своите пријатели. Наместо да бидете крај нив, вие постојано им свртувате грб и им „забивате нож“ во нивниот грб. Пријателите не ви се непријатели, туку сојузници.

5. Постојано го преиспитувате своето значење за другите

Бездруго сте непривлечна личност ако постојано преиспитувате зошто другите не ве гледаат како „најважната“ личност на светот. На пример, ако двајца ваши пријатели биле некаде без вас, вие не можете да престанете да размислувате за тоа. Преболете го тоа, тие и понатаму ваши пријатели и нивните животи не престануваат ако вие не сте во близина. Светот не се врти само околу вас.

Сподели на Facebook
пати видено