Затворскиот чувар Арон Хул од Флорида бил отпуштен од работното место откако надзорните камери откриле како напаѓа затвореник во инвалидска количка.
Инцидентот започнал така што 24-годишниот затвореник Тејлор Шуслер, со инвалидитет, вербално ги предизвикувал другите затвореници и Арон. Откако не сакал да престане чуварот решил да го „натера“ да го направи тоа.
Управителот на затворот вели дека оваа однесување е неприфатливо и затоа нивниот вработен бил отпуштен по истрагата. Тука доаѓаме до заклучок како функцинираат затворите и правдата во затворите низ светот, за разлика од Македонија каде што полицијата може да ги употреби сите средства во своја корист без да приложи доказ и облазложение.
За ова сведочи неодамнешниот инцидент со внукот на народниот херој Методија Андонов – Ченто, Јане Ченто, кој бил претепан од затворски службеници во затворот во Шутка. Јане наводно одбивал да го предаде мобилниот телефон, за кој тој тврди дека му бил даден од самите чувари, а не постојат снимки ниту пак суспензии за одговорните лица.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!