Иако било предвидено мајката да се породи во Ноември оваа година, кога била во 5-от месец од бременоста, на 11-ти јули, се соочила со вистинско изненадување, односно пукнал нејзиниот воденик и започнале контракциите за породување.
25-годишната Елон Смарт, од Ајова, САД, очекувала син со својот долгогодишен партнер, 25-годишниот Џордан Мороу, а момчето се очекувало да пристигне во семејството дури во Номеври.
Сепак, во Јули кога започнале нејзините контракции, Елон била веднаш пренесена во болница, каде што лекарите објасниле дека мора итно да биде извршен царски рез.
„Лекарите ми рекоа дека морам да се породам во наредните ден-два и дека мојот син нема големи шанси да преживее. Тоа беше моментот кога се распаднав. Ми се скрши срцето“- објаснува Елон.
Сепак мајката, која веќе го имаше 3-годишниот син Елајџа, беше одлучна и решена да остане смирена, за да не му нанесе дополнителен стрес на своето неродено бебе.
„Знаев дека доколку започнам да паничам, тоа ќе се пренесеше и на самото бебе. А тоа не можев да дозволам да се случи.“- додава мајката.
Само неколку моменти подоцна откако Елон била донесена во болницата, бил извршен царскиот рез и родителите му посакаа добредојде на новиот член на семејството, храбриот Џејден Весли Мороу.
Момчето се родило со тежина од 370 грама, што е една деветина од просечната тежина на новороденчињата. Кога се родил, малиот Џејден бил голем колку раката на неговиот татко.
Родителите биле предупредени дека кај бебињата родени прерано постои ризик од нивна нецелосна оформеност, при што постои шанса да не можат целосно да ги користат своите екстремитети или пак, да дишаат самостојно.
Сепак и покрај лошите лекарски прогнози, Елон вели дека нејзиниот син се родил врескајќи на цел глас и кревајќи ја раката нагоре. „Веднаш започна да ги движи рацете и се бореше самостојно да дише. Тој е нашето мало чудо!“- изјави Елон.
Џејден веднаш и без проблем започнал да прима мајчино млеко, со што ги изненадил и лекарите, кои неговиот напредок го оцениле како извонреден.