Новата технологија им овозможи на научниците да ја решат старата мистерија, ставајќи ги фосилите на Макрохениа во контекст на семејното стебло на видовите на Земјата, минати и сегашни. Ова е уште еден пример за тоа како технологијата може да го разјасни нашето минато.
Чарлс Дарвин ги открил коските на, Макрохениа, вид кој исчезнал кон крајот на леденото доба, во 1838 година, додека копал во Патагонија. Тој мислел дека припаѓаат на некој вид праисториска лама. Остатоците биле анализирани подоцна од страна на врвниот анатом во Велика Британија, Ричард Овен, кој го именувал мистериозниот цицач Macrauchenia patachonica. Иако Дарвин бил во право дека има некои сличности со ламата, Макрохениата не се вклопувала добро во постоечката група на цицачи.
Контраинтуитивно, откривањето на повеќе фосили ја заматило сликата наместо да ја расчисти. Откако пронашле остатоци од назален отвор палеонтолозите заклучиле дека животното имало сурла, го ставиле животното во групата litoptern. Оваа група цицачи од Јужна Америка пристигнала на Земјата откако изумреле диносаурусите и останале до крајот на Плеистоценот. Најчудната работа кај овие животни била тоа што наликуваат на другите животни пронајдени на други места во светот – како што се слонови и коњи. Но се развиле независно во Јужна Америка.
Меѓутоа најмистериозната работа била тоа што палеонтолозите не можеле да го пронајдат потеклото на животното преку коските. Релативната изолација на Јужна Америка, слична на онаа на островите Галапагос, овозможила еволуцијата да создаде цицачи кои се вистинска мистерија за научниците.
Генетичарот Мајкл Вестбери и неговиот тим ја решија мистеријата и со нова техника составија митохондријален геном кој е речиси завршен. Вестбери и неговиот тим, исто така, откриле дека двете гранки на поголемото дрво се разделиле пред околу 66 милиони години, кога започнала ерата на цицачите. Макрохениа биле едни од последните жители на групата која се појавила веднаш откако исчезнале диносаурусите како што се Трицератопс и Тираносаурус. Според теоријата овој цицач е поврзан со носорозите, зебрите, коњите, месојадите и со уште неколку видови кои ќе бидат потврдени во текот на истражувањето.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.