Да го живеете сопствениот живот е најдолгото нешто коешто воопшто некогаш ќе го правите. Разните луѓе, разните места, сето тоа е привремено – но вие секогаш ќе бидете со себе. Па така, има смисол дека можеби би требало да научите една-две работи за вашето сопствено тело. И, о какво изненадување, повеќето нешта кои сте ги знаеле до сега биле целосни лаги.
1. Давење: ова често се прикажува како очајна борба за живот при којашто жртвата вика за помош. Но, личноста која се дави не секогаш прета и вреска. Многу често давеникот ќе ја изгуби силата и ќе се онесвести.
2. Пиењето вода: не мора да испиете осум чаши вода дневно за да имате совршено здравје. Количеството вода кое ви е потребно зависи од вашата тежина, степен на активност, облеченост и опкружување (температура и влажност). Исто така, не мора да пиете чиста вода. Со неопходната течност може да се снабдите и со пиење сокови, чај, млеко, супи итн., како и преку видови храна кои ја содржат, како разни видови на овошје и зеленчук.
3. Антибиотици: овие лекарства не ја лекуваат обичната настинка, и всушност нема лек за обичната настинка, бидејќи тоа е вирус кој постојано се менува.
4. Црвенокоси: генот на црвенокосите не е во исчезнување. И покрај тоа што можат да станат ретки, тие нема да изумрат, освен ако сите кои го носат тој ген не умрат или не создадат потомство.
5. Пливањето и јадењето: јадењето помалку од еден час пред пливањето не ја зголемува можноста за грч на мускулите.
6. Нашите пет сетила: луѓето имаат повеќе од пет сетила. Експертите велат дека имаме најмалку седум…а можеби повеќе од дваесет.
7. Отпорност на антибиотици: луѓето едноставно не можат да станат отпорни на антибиотици. Отпорност на антибиотици се развива помеѓу организмите коишто доживуваат селективен притисок преку изложеност на антибиотици, фаворизирајќи го опстанокот и размножувањето на единките помеѓу нив кои до определен степен станале отпорни на антибиотикот.
8. Косата и ноктите: тие не продолжуваат да растат по смртта. Тоа што навистина се случува е – кожата се суши и се собира кај основата на влакната и ноктите, на тој начин оставајќи впечаток дека се работи за растеж.
9. Месечарење: будењето на месечар воопшто не му наштетува. Можеби за миг ќе биде збунет и нема да знае каде се наоѓа, но нема да му се направи никаква штета со будењето, баш напротив, може да спречите да се повреди.
10. Глад за шеќер: шеќерот не предизвикува хиперактивност кај децата. Преку разни експерименти е докажано дека нема некаква разлика во однесувањето кај деца со поголема или помала застапеност на шеќер во дневната исхрана.
11. Пиењето млеко: конзумирањето млеко и млечни производи не го зголемува лачењето на слуз.
12. Голтањето гума за џвакање: не се потребни 7 години за да се свари голтнатата гума за џвакање.
13. Спортските постигнувања и сексот: не постои физиолошка основа за верувањето дека ако имате секс во деновите пред спортскиот настан, тоа ќе се одрази на вашиот успех.