На сите ни се познати јаболката и портокалите, а похрабрите меѓу нас од време на време ќе пробаат манго, киви и други тропски деликатеси кои можат да се најдат на пазарот. Но, природата има уште многу изненадувања за нас. Постојат стотици други видови овошје кое ретко се наоѓа на пазарите. Сите се природни, неверојатно вкусни и сѐ уште не се деформирани од човечката желба за заработка. Единствениот недостаток им е тоа што тешко се наоѓаат.

ov01

Мајмунски портокал

Потекнувајќи од Африка, ова мало овошје има вкус како мешавина од портокал, банана и праска. Исто така имаат и пријатен мирис кој потсетува на каранфилче.

ov02

Канистел

Ова централно-американско овошје изгледа како џиновска жолчка од јајце, но вкусот повеќе му е како на пита од тикви. Има многу сладок вкус и всушност расте во повеќе земји од светот, но сепак тешко се наоѓа на пазарите.

ov03

Бобо (Anonidium mannii)

Бобо е локалното име на едно од омилените овошја во Африка. Џиновските плодови достигнуваат тежина од 5 до 15 килограми. Многу е хранливо, но и скапо, дури и во Африка.

ov04

Шеќерно јаболко

Помал брат на бобото е шеќерното јаболко. Природно се наоѓа во Централна Америка, индискиот субконтитент, Филипините и Карибите.

ov05

Черимоја

Уште еден член на погоре спомнатото семејство е овој сладок плод, чијашто природна средина се местата со тропска клима. Богат е со шеќер и многу сладок. На Хаваите е многу популарно овошје.

ov06

Масуку

Ова овошје, иако не толку убаво на изглед, сепак е популарно во Африка кадешто е ефтина храна богата со хранливи материи и вкусен сок. Дрвјата масуку даваат плодови во изобилство, но научниците сѐ уште не нашле начин како да се култивираат надвор од Африка.

ov07

Јо Педалаи

Ова бизарно клопчесто чудо потекнува од Југоисточна Азија. Вкусот му е како на Juicyfruit гума за џвакање, а големите семки имаат вкус на кикирики.

ov08

Џаботикаба

Џаботикаба изгледа како грозје, има вкус на грозје, но не расте како грозје. Расте на зимзелено дрво кое достигнува височина до 10 метри. Поради тоа што потекнува од Бразил, популарното име на ова овошје е – бразилско грозје.

ov09

Мупунду или Мобола

Овие африкански сливи имаат вкус на јагода. Ароматичното дрво произведува и масло кое исто така може да се употребува во исхраната, но и во производството на лакови и сапун.

ov10

Бакупари

Покрај неговиот слатко-киселкаст вкус, ова овошје во Јужна Америка се цени како лековито, а во последно време научниците ги испитуват неговите лековити својства како потенцијално средство за борба со ракот.

ov11

Абиу

Овој кисел амазонски деликатес е буквално полн со витамин С. Кога е зрело, овошјето има вкус на карамела, поради што често се употребува како десерт.

ov12

Африканско тропско јаболко

Ова егзотично овошје има вкус на кајсија, мирис на ананас и наводно во устата се топи како крем.

Сподели на Facebook
пати видено