Одам кај единствениот бербер во маалото, седнувам на столот, берберот ми става чаршав и ме прашува каква фризура сакам.
– Сакам над левото уво косата да штрчи, а над десното да биде многу кратка. На тилот направи ми една коса линија со машинката до кожа, а нагоре оди по шаховски принцип, ту кратко, ту долго, се до темето.
– Господине, не можам да ве направам таков…
– А претходниот пат како можеше?