5-годишно девојче од Русија избегало од канџите на кафеава мечка откако било спасено од службите за итни случаи. Зарина Авгонина се изгубила во руската тајга, откако се обидела да ја следи нејзината баба која тргнала да бере диви печурки. Првично се стравувало дека девојчето се удавило бидејќи Нижни Новгород имаат длабоки клисури и брзи реки.
Откако кучињата за спасување не успеале да ја намирисаат Зарина за која се вели дека е „срамежлива и се плаши од мажи“, спасувачите имале огромна среќа кога пронашле нејзини стапаки. Олеснувањето набрзо се претворило во страв откако паралелно со стапките на девојчето биле забележани и отпечатоци од кафеава мечка.
Биле повикани и ловци во потрагата за да се справат доколку наидат на мечката или пак волци. Била организирана голема потрага и луѓето се поделиле во групи и во секоја група имало по една жена која ѝ го извикувала името со страв дека девојчето нема да се појави затоа што се плаши од мажи.
На четвртата вечер од пребарувањето, спасувачкиот тим успеа да ги следи нејзините стапалки и ги виде кафените очи на исплашеното девојче среде куп гранчиња и гранки. Таа страдала од исцрпеност и сериозна дехидрираност.
Спасувачот Алексеј изјавил дека најинтересно му било кога ја прашал Зарина дали се плаши, а таа му одговорила: „Не! Јас сум само жедна и сакам да јадам торта и да одам дома!“
Зарина била пронајдена околу 2 километри од селото Степановка од каде што исчезнала. Веднаш потоа била однесена во болница.