Остатоците од мистериозното суштество старо над 250 милиони години се ископани од археолозите во Русија. Ѕверот е очигледно еден вид праисториска верзија на змејот „Комодо“ – суштества кои се домородни во индонезиските острови Комодо, Ринка, Флорес и Гили Мотанг.
Коските покажуваат дека суштеството имало огромна глава со масивни заби во устата, кои биле опишани како слични на „ножевите за стек“ што би можеле да го раскинат својот плен на парчиња.
Откако биле испитани неговите фосилизирани коски, кои биле ископани 72 километри од градот Оренбург на реката Урал, експертите утврдиле дека тој е од група влекачи, познати како еритросухиди. Животното – наречено Гарјаинија – ќе беше околу 3 метри високо и ќе се шеташе низ различни области на светот, вклучувајќи ги источна Европа, Јужна Африка, Индија и Кина.
Животното лутало низ планетата пред диносаурусите. Тоа живеело за време на постоењето на суперконтинентот Пангеа, пред да се создадат континентите кои ги знаеме денес. Водечкиот автор на студијата каде беа објавени наодите, д-р Ричард Батлер, од Универзитетот во Бирмингем, рече дека е изненадувачки што остатоците биле толку добро сочувани.
Пишувајќи во списанието Royal Society Open Science, тој рече: „Еритросухидите се големи, предаторски влекачи кои се хранеле со месо, кои живееја кратко време по масовното истребување Пермо-Тријас, најголемата еколошка криза во историјата на Земјата“.
Масовното изумирање се случило пред 252 милиони години и го избриша скоро секој вид на планетата откако вулканите во Сибир избија и ги претворија океаните во киселина.