Се вели дека во секое пиво има сендвич. Дел Хол се согласува. Оваа година, 43-годишниот жител на Плезан Риџ одлучи да се откаже од храната, и своите калории да ги добива од пивото.
Сепак оваа идеја не е нова туку потекнува од 17-тиот век. Монасите од Пауланер создале пиво кое го користеле за време на Великиот пост, а ова го инспирирало Дел.
Иако самопрогласената „бубалица за пиво“ е директор за продажба во 50 West Company Brewing Company, но тој инсистира дека предизвикот не е трик. „Ова е тест за мојата волја. Јас навистина сакам да ја отстранам зависноста од храна“.
„Јас всушност се чувствувам навистина одлично сега. Не сум гладен и намалив 7 килограми.“, изјавил Дел, 8 дена откако го започнал постот. Тој добил и одобрување од својот лекар за овој подвиг.
Дел пие околу 5 пива на ден, но кога управува со моторно возило пие само вода. Кога постот ќе биде готов тој ќе мора да внимава со храната за да не го „шокира“ дигестивниот систем.