Кога сте гладни не сте свои… Барем ова важи за овој провалник од Флорида, кој влегол во туѓ дом за да си го „убие гладот“.
19-годишното момче знае дека појадокот е најважниот оброк од денот и затоа влегол во една куќа во Флорида и си направил убав појадок.
Гавин Грим си зготвил јајца, сланина си направил салата и седнал да си појадува. Кога сопственикот на куќата слушнал врева, станал од спиење и отишол во кујната. Таму го пречекало момчето кое си ја џвакало храната. Тоа едноставно му кажало: „Врати се да спиеш“.
Но луѓето не се чувствуваат убаво кога непознати им влегуваат во домот и им готват во кујната па човекот му запретил дека ќе повика полиција. Тогаш момчето станало и избегало зад куќата. Полицијата го пронашла во малата шума зад домот во кој провалил.
Момчето било пуштено со кауција и од полицијата велат дека не им објаснил зошто всушност провалил, но потврдиле дека момчето било под дејство на алкохол кога било уапсено.