Кога 26-годишниот Мајк Хадсон кој работи како одржувач на компјутерски системи се изморил од невозбудливиот живот во Велика Британија, решил малку да ги раздвижи нештата. Кога не се задоволни од тоа во која насока се движи нивниот живот, повеќето млади луѓе ќе земат одмор или ќе излезат на некоја луда ноќ за да се опуштат. Можеби ќе си ја сменат и кариерата. Но Хадсон смислил нешто поинакво.
Кубил комбе, и го преуредил во станбен простор, почнал да патува низ Европа и ја основал страницата Van Dog Traveller, на која ги документира своите патувања. На сајтот се прикажува каде патува и како живее во неговото комбе, кое тој го преуредил во вистински сон за секој страствен патник. Досега пропатувал од Англија преку Франција, Шпанија, Португалија, Германија, Австрија, Словенија, Унгарија, Романија, Бугарија до Грција. Изгледа дека комбето врши работа.
Еве го комбето во неговата првична состојба.
Морал да ја извади внатрешноста за да го изгради подвижниот стан кој го осмислил.
После четири месеци работа, еве што стана од комбето.
Вградил подвижна масичка за да може да работи.
Неговото комбе има дури и кујна, со сѐ мијалник, шпорет и фрижидер.
Мислел на сѐ, вклучувајќи и за тоа дека некои рабои би можеле да се превртат додека патува. Приборот за јадење стои на своето место прицврстен на магнетни прачки.
Се разбира, станот не би бил стан без тоалет….
…и туш кабина!
Поглед кон задниот дел на бањата.
А ако се чудите како се снабдува со вода за сето тоа – ја вградил оваа пумпа.
Покрај тоа што има мал кауч кој се расклопува во кревет, има и висечка мрежа. Како што гледате, доста е пространа.
Има доволно простор за неколку пријатели (Мат и Рос патувале заедно со Хадсон за време на првиот месец) да се дружат и опуштат кога никој не вози.
Електричните уреди се снабдуваат со енергија преку соларните панели. На тој начин не се преоптоварува акумулаторот на комбето.
Еве го Хадсон, известувајќи го светот за неговите авантури низ Европа.
Хероите на нашето време не се политичарите и богаташите, туку обичните луѓе со своите мали, но големи подвизи. На каналот Победници, хероите на нашето време се на прво место.