Карл Бовард страсно се грижи за иднината на големите мачки како тигрите, лавовите и пантерите. Како начин да се избори за нивната иднина, Бовард отворил прибежиште во Флорида наречено „Единствена визија“ кадешто ги згрижува големите мачки. Целата приказна ја прави уште поневообичаена фактот дека 43-годишнот Бовард е речиси слеп.

Запознајте се со Карл Бовард, кој пред 13 години претрпе ужасна несреќа која сериозно му го оштети видот.

mc01

По некое време, успеал делумно да го поврати видот на едното око. За време на целосното слепило на Бовард најмногу му недостасувала можноста да ги гледа животните.

mc02

Набргу потоа ги посвоил своите први две тигриња и го основал непрофитното прибежиште за големи мачки „Единствена визија“(Single Vision; vision -визија, но и вид)

mc03

Прибежиштето е сместено на неговиот имот од 274 хектари во Мелроз, Флорида.

mc04

Кога животните за првпат ќе дојдат во прибежиштето, првите неколку месеци ги минуваат во неговата куќа.

mc05

Тој вели дека на овој начин сака да се осигура дека се соодветно социјализирани пред да бидат пуштени со другите животни.

mc06

Мисијата на Бовард е со цел да ја подигне свеста за тешката положба на овие големи мачки во дивината. Во прибежиштето често прима гости и посетители.

mc07

И покрај неговиот лош вид, Бовард без страв си игра со неговите мачки. Во прибежиштето во моментот се наоѓаат два лава, два американски риса, два сибериски тигра и два азиски црни леопарди.

 

mc08

Иако Бовард тврди дека е во добри односи со сите животни, имал неколку ризични средби со нив.

mc09

„Еднаш леопард ме гризна за носот и мораа да ми го шијат. Исто така ми ги имаат исчашено и рамињата“, вели тој.

mc10

И покрај тоа Бовард наумил да продолжи со неговата мисија да обезбеди колку што е можно подолга иднина за овие големи мачки.

mc11

Сподели на Facebook
пати видено