Дури 90% од храната што ја јаде 35-годишниот Дерек Нанс во последните 10 години е живо месо. Неговото мени сепак е разновидно од смути од овчи лој, до слезина и тестиси. Самопрогласениот месојад од Лексингтон, Кентаки, САД вели дека единствените делови од животното што не се јадат се копитата и роговите.
Дерек се придржува до овој начин на исхрана 10 години, а неговиот татко му се придружил во последните 4. Тој дури и своите деца ги храни со живо месо, за да му докаже на светот дека јадењето живо месо е безбедно. Најинтересно е што неговата партнерка порано била вегетаријанка, денес јаде месо, но зготвено и вели дека никогаш нема да јаде живо месо.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!