Еден човек кој возбудено го чекал раѓањето на своето дете во болница во Кина бил однесен во операционата сала и му ги оперирале хемороидите откако го помешале со некој друг. Идниот татко Ванг бил помешан со друг пациент кој само што ги пополнил документите за процедурата и чекал да биде повикан.

kn01

Така, докторите во болницата Шенјанг Хунан Ксинку во Кина го повикале Ванг да појде со нив. Ванг мислел дека ќе го одведат во просторијата каде што се пораѓала неговата жена, за да помогне. Во салата му кажале да ги спушти панталоните и да легне на операционата маса.

„Ми падна чудно, и ги прашав зошто“, раскажува тој. „Тие ми кажаа – само прави што ќе ти кажеме.“ Додека лежел, му ставиле анестезија и почнале да му ги вадат хемороидите.

„Не ни знаев дека имам хемороиди“, споделува 29-годишниот. „Кога бев на операционата маса, слушнав бебешки плач и бев многу среќен, сакав да го подржам в раце, но не можев ни да мрднам, бидејќи чувствував силна болка.“

kn02

Наводно болницата му понудила на човекот 5000 јуани (околу 700 евра) како отштета за причинетата непријатност.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено