Еден човек сретнал на една ливада овчар со куче, коњ и една овца.
– Може ли да зборувам со твоето куче?
– Како? Кучето не зборува…!
– Здраво старо куче, како си?
– Ооо, супер сум, мојот домаќин се однесува многу добро кон мене, добро ме храни, ме шета по два пати на ден…
Овчарот гледа вчудовиден…
– Може ли да зборувам со твојот коњ?
– Коњот не може да зборува!?!?!
– Здраво старо коњче, како си?
– Ооо, супер сум, мојот домаќин се однесува многу добро кон мене, ме храна, ме гали…
Овчарот уште позачуден…
– Може ли да зборувам со твојата овца?
– Ааааа, овцата многу лаже…